logo
logo
logo

САД ПО ПРЕСУДАТА ЗА ТАЧИ И ОВК „Почитувајте ја одлуката на судот и избегнувајте запалива реторика“

Vecer | 16.09.2026

САД ПО ПРЕСУДАТА ЗА ТАЧИ И ОВК „Почитувајте ја одлуката на судот и избегнувајте запалива реторика“

Соединетите Американски Држави ја почитуваат пресудата со која поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи и уште тројца поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се прогласени за виновни за воени злосторства. Вашингтон истовремено ги повика сите страни да ја почитуваат судската одлука и да избегнуваат запалива реторика.

Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово – изјави портпарол на американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа.

Од Стејт департментот порачаа дека САД ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства, како и одговорноста, правичната судска постапка и владеењето на правото.

Вашингтон испрати и порака до политичките и општествените актери по пресудата.

„Ги повикуваме сите страни да ја почитуваат одлуката на судот, да избегнуваат запалива реторика и да продолжат да работат кон мирна и демократска иднина“, соопшти Стејт департментот.

Специјализираните совети на Косово во Хаг на 16 септември ги прогласија Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи за виновни за четири воени злосторства: незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство. Судот утврди кривична одговорност за дела врз 385 незаконски притворени лица, 49 жртви на сурово постапување, 303 жртви на тортура и 96 убиени.

Четворицата, пак, беа ослободени од обвиненијата за злосторства против човештвото, бидејќи Судскиот совет оцени дека обвинителството не докажало надвор од разумно сомнение дека постоел широк или систематски напад насочен против цивилното население.

Тачи и Красниќи добија по 25 години затвор, Весели 18, а Селими 13 години. Во казните ќе им биде пресметано времето што веќе го поминале во притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk