УАПСЕН СОПСТВЕНИКОТ НА „ИНФОРМЕР“ - Пресретнат од необележани возила

Vecer | 25.11.2026

УАПСЕН СОПСТВЕНИКОТ НА „ИНФОРМЕР“ - Пресретнат од необележани возила
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Сопственикот и главен уредник на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, е уапсен во близина на просториите на оваа медиумска куќа во Белград по налог на Второто основно јавно обвинителство, пренесуваат српските медиуми. Според информациите што ги објавија дел од медиумите, тој е приведен под сомнение за сторени кривични дела предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за попречување на правдата.

Како што јавува агенцијата Танјуг повикувајќи се на наводите на „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат од припадници на органите на редот кои не биле во обележани униформи или возила, по што бил спроведен во Полициската станица Вождовац. На апсењето реагираше и шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, кој на седницата на Народното собрание на Србија оцени дека Вучиќевиќ е уапсен „само поради својата новинарска работа“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk