Сцени на хаос се одвиваа на грчкиот остров Миконос, пред ресторан за брза храна, каде што се судриле група пијани италијански туристи, а ситуацијата брзо излегла од контрола.
Видео објавено на Фејсбук покажува жестока тепачка помеѓу пијани туристи и полицајци кои се обидоа да воспостават ред.
Сè започна кога две групи Италијанци се впуштиле во жестока расправија, а викањето и пцуењето брзо ескалирало во тепачка. Полициските службеници кои брзо пристигнале на местото на настанот се обиделе да ги разделат страните што се судриле, но наишле на неочекуван отпор од туристите, кои не само што одбиле да послушаат, туку и ги нападнале.
На видеото јасно се гледа како полицијата се бори да ги задржи туристите, додека пијаните Италијанци ги удираат и се обидуваат да избегаат низ кордонот.
Се слушаат и вресоци, додека десетици минувачи со неверица ја гледаат неверојатната сцена во центарот на островот.
По неколкуминутна жестока борба, полицијата успева да ги уапси насилниците, да им стави лисици и да ги однесе во полициската станица во Миконос, со што се стави крај на епизодата што ја потресе целата област.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата