Надал: ЃОКОВИЌ Е НАЈДОБРИОТ ТЕНИСЕР во историјата

Vecer | 15.02.2024

Надал: ЃОКОВИЌ Е НАЈДОБРИОТ ТЕНИСЕР во историјата
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Шпанскиот тенисер и 22-кратен грен слем шампион Рафаел Надал кажа што мисли за лидерот во светската ранг-листа, 36-годишниот Новак Ѓоковиќ.

-Мислам дека Новак е добра личност. Кога ќе го видам неговиот успех, не сакам да се налутам. Би рекол дека е најдобриот тенисер во историјата. Неговото тело е подобро од моето, а тоа е исто така важно за играње на врвно ниво, изјави надал за „La Sexta“.

Претходно Надал се повлече од турнирот во Доха, каде што требаше да настапи за прв пат откако се повреди на стартот од сезоната во Австралија.

Шпанецот додаде дека ќе се обиде да се подготви за учество на турнирот од серијата Мастерс во Индијан Велс (САД), кој ќе се одржи од 4 до 17 март

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk