logo
logo
logo

УШТЕ СЕДУМ РАБОТНИЦИ ОД НЕПАЛ ГИ СНЕМА: Работеле во скопски фирми

Vecer | 20.06.2024

УШТЕ СЕДУМ РАБОТНИЦИ ОД НЕПАЛ ГИ СНЕМА: Работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден.

Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им се губи трага речиси истовремено, во текот на вчерашниот ден.

Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, а случајот во МВР го пријавил сопственикот на компанијата во 14 часот.

Останатите двајца, според пријавата за помалку од два часа, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.

Ова е уште еден во низата случаи, минатата недела исчезнаа шест работници од Непал, а и претходно исчезнувања беа пријавени и во други градови. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk