logo
logo
logo

Во Романија уапсени Ендрју Тејт и неговиот брат

Vecer | 22.08.2024

Во Романија уапсени Ендрју Тејт и неговиот брат

Британско-американската интернет ѕвезда Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан се уапсени во Романија во рамки на истрагата за нови обвиненија за криминал, вклучително и трговија со луѓе и секс со малолетничка.

Браќата Тејт, кои минатата година беа обвинети за трговија со луѓе и силување, се задржани на сослушување во текот на ноќта, откако истражителите пребараа четири нивни имоти во Букурешт и во областа Илфов.

Тие се обвинети за трговија со луѓе, секс со малолетничка, перење пари...

Романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT) во соопштението рече дека новата истрага се однесува на наводна трговија со малолетници, трговија со луѓе, сексуален однос со малолетничка, влијание врз сведоци и перење пари.

Контроверзните браќа, кои привлекоа милиони следбеници на социјалните мрежи со промовирање на ултра машки начин на живот кој често промовира мизогинија, ги отфрлија обвинувањата против нив.

Додека браќата синоќа беа изведени од нивниот дом во Букурешт со полициско комбе, Ендрју Тејт им рече на новинарите дека обвинителите станале „очајни“.

Во јули, Апелацискиот суд во Букурешт им забрани на браќата Тејт да ја напуштат Романија додека го чекаат судењето за трговија со луѓе, поништувајќи ја претходната пресуда која им дозволуваше слободно да се движат во Европската унија. /MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk