logo
logo
logo

Кому веруваме

ТОП 10 НАЈЧИТАНИ ИНФО ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА за јануари 2024 - Вечер и понатаму прв, има промени кај другите

Vecer | 24.02.2024

ТОП 10 НАЈЧИТАНИ ИНФО ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА за јануари 2024 - Вечер и понатаму прв, има промени кај другите

Ја почнавме годината, и време е да видиме кои информативни портали од Македонија имаат најдобар старт во неа. Има промени во однос на ланскиот просек, од 2023, и видно е дека во првите 10 места според рејтингот се порталите со искусни и професионални новинари и уредници, и современа технолошка поддршка. Останатите мора многу да работат на своите содржини, пристап и извори, како и новите технологии за да влезат во одбраното друштво на највлијателни во јавноста.

Како и во целата мината година, прв и најчитан информативен портал во Македониај е Вечер.мк, а на останатите места има промени и во рамките на првите 10, а некои портали кои лани беа во првите десет  сега паднаа многу подоле и ги нема на топ листата.

Во Македонија, со секојдневни нови професионално сработени вести и информации, како информативни портали, работат околу 30-35 сајтови и три до четири агрегатори на вести.

Од областа на дневни информации од животот, политиката, економијата, забавата, спортот и технологиите, на едно место, остатокот од сајтовите не заслужуваат внимание како њуз, или информативни портали.

Европски стандард кој важи и во Македонија е дека над 75% дневните информации читателите, публиката, прво и најдетално ги добива од интернет порталите, а остатотокот од 25% се телевизиите, весниците и радиото. Притоа, околу 65-70% се добиваат преку телефон, а остатокот преку десктоп или лаптоп комјутери.

Доволно за да се смета дека информативните портали се највлијателни медиуми во општетсвото кога се во прашање објавите и довербата за дневните вести, како и анализите и коментарите.

Интернет порталите се дел од дигиталниот свет во кој, секој во светот, е мерлив на дневна основа и стручните агенции детално и лесно имаат увид во читаноста, како по обем така и според сите детали од каде се читателите, што прочитале, колку се задржале читајќи на порталот...  Врв на конечен ефект, краен резултат, е читателот да биде задржан на порталот колку е можно подолго и да прочита повеќе текстови што е доказ дека порталот има професионална и разновидна понуда, и поголема доверба во јавноста.

Најдобри се порталите кои имаат најголем број прочитани вести, односно прочитани страни на порталот.

Во светот на информациите и маркетингот најдобар извор за тоа се смета професионалната, референтна израелско-американска агенција за детално следење на сајтовите во светот -  Similarweb.com која во соработка со Гугл користи база на сервисот Гугл Аналитикс за секој сајт, и од која се користени јавно достапни информации за десктоп читаноста на информативните портали во Македонија и во оваа прилика.

Ова се рејтинзите на македонските информативни портали, најдобрите ТОП 10 за МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2024 година кои имале и најголема читаност, и најголема доверба кај јавноста.

Најчитани агрегатори на вести во Македонија се Тајм.мк, Вести.мк и Грид.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk