На црвениот тепих за премиерата на Лекцијата по пијано, која е и негово режисерско деби, Вашингтон со себе ја понесе и неговата 73-годишна сопруга Паулета, како и нивните три деца, синовите Џон Дејвид (40), Малколм (33) и ќерката Катија (37). Недостасуваше само ќерката Оливија, сестрата близначка на Малком.
Дензел и Паулета имаат еден од најдолгите и најхармонични бракови во Холивуд. Тие се запознале во 1977 година на снимањето на телевизискиот филм Вилма, а откако тој ја запросил три пати, ја легализирале љубовта на 25 јуни 1983 година.
Паулета им го открила на People клучот за нивниот успешен брак. „Нема тајна, едноставно постои силна врска“, рече таа и додаде дека на врската мора да се работи. „Не можете само да гледате и набљудувате, треба да работите на тоа ако сакате да успеете“, објаснила сопругата на Дензел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата