logo
logo
logo

Познат пејач добил вонбрачна ќерка, па ја шокира јавноста: Правам сѐ да ми прости сопругата

Vecer | 11.09.2024

Познат пејач добил вонбрачна ќерка, па ја шокира јавноста: Правам сѐ да ми прости сопругата

Тој откри дека неодамна добил вонбрачна ќерка, и дека ќе ѝ биде „најдобриот татко“.

– Неодамна станав татко на нова ќерка, родена вонбрачно – напиша пејачот на „Фу Фајтерс“ во изјава на Инстаграм.

Како што понатаму изјавил, се уште ги сака законската сопруга и децата и прави сѐ за да му биде простено.

- Планирам да бидам родител со љубов и поддршка за неа. Ја сакам мојата сопруга и моите деца и правам сѐ што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заработам нивната прошка - продолжи тој.

- Благодарни сме за вашето внимание кон сите вклучени деца, додека напредуваме заедно.

55-годишниот и неговата сопруга Џордин Блум имаат три ќерки, а нивното прво дете е родено во 2006 година. Три години подоцна, Џордин го родила нивното второ дете, Харпер Вилоу, именувано по пра-вујкото на Дејв, Харпер Бонебрејк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk