Вештачката интелигенција ПРОБЛЕМ ЗА МУЗИЧАРИТЕ, НО ДАЛИ МОЖЕ ДА ДОЛОВИ ЕМОЦИЈА КОЈА ЌЕ ДОПРЕ

Vecer | 18.05.2023

Вештачката интелигенција ПРОБЛЕМ ЗА МУЗИЧАРИТЕ,  НО ДАЛИ МОЖЕ ДА ДОЛОВИ ЕМОЦИЈА КОЈА ЌЕ ДОПРЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Легендарниот британски музичар Стинг денеска изјави дека музичарите се соочуваат со „битка“ да ја одбранат својата работа од подемот на песни напишани од вештачка интелигенција.

„Градежните елементи на музиката ни припаѓаат нам, човечките суштества“, изјави тој за Би-Би-Си. Според него, тоа ќе биде битката што сите треба да ја водиме во следните неколку години - да го браниме нашиот човечки капитал од вештачката интелигенција.

Неговите коментари доаѓаат откако голем број песни користеа вештачка интелигенција за да го „клонираат“ вокалот на познатите уметници.

Во февруари, Дејвид Гета ја искористи технологијата за да го додаде „гласот“ на Еминем на една од неговите песни, додека лажниот дует помеѓу Дрејк и Викнд стана вирален во април. Слично е како гледам филм со CGI (слики генерирани од компјутер) . Воопшто не ме импресионира“, изјави Стинг.

Тој истакна дека веднаш му здосадува кога ќе види компјутерски генерирана слика и дека претпоставува дека ќе се чувствува исто кога вештачката интелигенција ќе прави музика.

„Можеби за електронска денс музика тоа функционира. Но, за песните, знаете, изразувајќи емоции, мислам дека нема да ме допре“, рече Стинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk