logo
logo
logo

ФОТО

Симона Поповска стана мајка, роди син: Еве ги деталите

Vecer | 27.04.2021

Симона Поповска стана мајка, роди син: Еве ги деталите

Пејачката и докторка Симона Поповска ги изненади сите со објавата дека станала мајка и дека родила синче. И мајката и бебето се чувствуваат одлично, а во разговорот со неа таа се пошегува дека пандемијата и седењето дома ги искористила за проширување на семејството.

- Одлично се чувствувам и сум пресреќна, ни откри Симона и додаде: Се породив по природен пат и навистина се чувствувам добро, и јас и бебето сме супер. Цело е на мене, навистина личи на мене.

Што се однесува до името, Симона ни откри дека имаат неколку идеи, но се уште не паднала конечната одлука.

- Се чека кумот, вели Симона.

Во изминатиот период Симона беше активна на социјалните мрежи, но фотографиите кои ги објавуваше или беа родендески честити на блиски пријатели или поврзани со нејзината работа во делот на естетските корекции, па речиси никој не се посомнева дека наскоро ќе стане мамичка.

Симона и сопругот Крис во брак се четири години, а нивната венчавка се случи во родниот крај на пејачката, односно крај Охридското Езеро.

Нека е жив и здрав јунакот и, секако, чекаме мекици!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk