logo
logo
logo

Како ќерките на Синатра МУ ПРАТИЛЕ КОЊСКА ГЛАВА на актерот Реј Лиота

Vecer | 27.05.2022

Како ќерките на Синатра МУ ПРАТИЛЕ КОЊСКА ГЛАВА на актерот Реј Лиота

Ќерките на Френк Синатра му испратиле на Реј Лиота лажна коњска глава откако тој одбил да го игра нивниот татко, изјави еднаш актерот кој ненадејно починал на 67-годишна возраст.

Пред една година Лиота за американските медиуми изјави дека Ненси и Тина Синатра му испратиле чуден пакет откако тој го одбил нивното барање да го глуми нивниот татко во ТВ мини серијата што ја снимале.

- Неговите ќерки сакаа да глумам во мини серија и кога тоа го направија јас се чувствував премногу непријатно - изјави актерот.

Лиота, инаку, го играше Синатра во филмот „The Rat Pack“ од 1998 година.

Реј открил дека Тина и Ненси му испратиле лажна глава на коњ кога дознале дека се согласил на „The Rat Pack“, откако тој ги одбил за нивната мини серија.

- Направивме филм и добив глава од коњ - изјави Лиота за „Индепендет“.

- Очигледно таа не беше вистинска, но беше глава на коњ. И знаете, глава на коњ значи дека сте „готови“.

„Подарокот“ е омаж на сцената од криминалистичката драма на Френсис Форд Копола, Кум, во која отсечена глава на коњ е испратена како закана до Џек Волц (го игра Џон Марли), откако тој го одбл барањето на семејството Корлеоне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk