logo
logo
logo

Училиштето во кое учел Андреј ДНК отвори КНИГА НА ЖАЛОСТ

Vecer | 20.03.2025

Училиштето во кое учел Андреј ДНК отвори КНИГА НА ЖАЛОСТ

Oсновното училиште Лазо Трповски, во кое учел и Андреј Ѓоргиески од ДНК, објави дека ќе биде отворена Книга на жалост.

Со скршено срце и неизмерна тага заради огромната трагедија во Кочани, како и загубата на нашиот школски другар, сосед, пријател Андреј Ѓоргиески, отвораме книга на жалост.

Книгата на жалост ќе биде отворена на 20 март во 10:30 часот во Т.Ц. Лептокарија, на делот кој ние го нарекувавме „коцка“ и во кој ги поминавме најубавите години на смеа и дружење токму со Андреј.

Ве повикуваме сите, да бидеме заедно во тагата, како што бевме и во радоста, да го чуваме споменот на еден човек со огромно срце и несебична грижа за другите и послабите каков што беше Андреј.

Засекогаш твоите другари и другарки од основно и маало.

Почивај во мир школски, – стои во објавата

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk