logo
logo
logo

Ана Костадиновска од ДНК: СИ ЗАМИНА ДЕЛ ОД МОЕТО СЕМЕЈСТВО, ЗАЕДНО СО НИВ И ДУШАВА МОЈА

Vecer | 20.03.2025

Ана Костадиновска од ДНК: СИ ЗАМИНА ДЕЛ ОД МОЕТО СЕМЕЈСТВО, ЗАЕДНО СО НИВ И ДУШАВА МОЈА

Ана Костадиновска од ДНК пред да ги испрати во вечноста своите блиски пријатели и драги колеги за првпат се огласи на својот Фејсбук.

Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина….., а кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ, напиша Ана на социјалните мрежи.

Ана ја промени и својата профилна фотографија каде е заедно со својата трагично почината колешка Сара Пројковска.

-Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден… стои во описот.

Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК кои успеаја да се спасат од трагедијата на нивниот последен настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

За Панчо познато е дека е на болничко лекување, за Горан исто дека е меѓу повредените, додека последните информации за Ана беа дека е на домашно лекување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk