logo
logo
logo

Израелската продуцентка Дана Еден пронајдена мртва во хотел во Атина

Vecer | 16.02.2026

Израелската продуцентка Дана Еден пронајдена мртва во хотел во Атина

Продуцентката била во Атина за снимањето на четвртата сезона од успешната и наградувана серија, што меѓу другото во 2021 година ја освои меѓународната награда Еми, а се емитуваше на Apple TV.

Според израелските медиуми, во серијата се користеле делови од грчката метропола како замена за Техеран, а 52-годишната Еден донела одлука снимањето да биде во Атина, по приватна посета за одмор и бил воодушевен од визуелните сличности меѓу двата града.

Синоќа, извори од грчката полиција информираа дека жена била пронајдена мртва во нејзината соба во хотел во центарот на Атина, а денеска, медиумите објавија дека станува збор за Дана Еден.

Продуцентската куќа на серијата „Техеран“, „Donna and Shula Productions“, преку социјалните мрежи ги отфрли како „лажни и неосновани“, гласините дека смртта на Еден била „предизвикана од криминал или национализам“ и апелираа до медиумите и јавноста да се воздржат од шпекулации.

Основачи на конкретната продуцентска куќа се Дана Еден и Шула Шпигел, а освен серијата „Техеран“, според израелските медиуми, продуцентките стојат зад над 40 телевизиски серии и филмови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk