logo
logo
logo

КРАЈ НА СУДСКАТА ДРАМА, Џастин Балдони и Блејк Лајвли се спогодија по тужбата

Vecer | 05.05.2026

КРАЈ НА СУДСКАТА ДРАМА, Џастин Балдони и Блејк Лајвли се спогодија по тужбата

Актерот и режисер Џастин Балдони постигна вонсудска спогодба во врска со тужбата што против него ја поднесе актерката Блејк Лајвли за наводно сексуално вознемирување за време на снимањето на романтичната драма од 2024 година, „Со нас завршува“ (It Ends with Us). Веста денеска ја потврди продукциската куќа на Балдони.

Со оваа спогодба се става крај на спорот кој траеше повеќе од една година, со што се избегна граѓанското судење закажано за мај, на кое беше предвидено Лајвли да сведочи.

Блејк Лајвли, светски позната по улогата во серијата „Оозборувачка“ (Gossip Girl), ги тужеше Балдони, неговата продукциска куќа „Wayfarer Studios“ и други соработници во декември 2024 година. Таа бараше отштета поради наводно вознемирување, клевета, нарушување на приватноста и кршење на федералните и државните граѓански права.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk