logo
logo
logo

Паѓаат тајните шеми

Кој во Македонија вршел САЈБЕР ШПИОНАЖА, и кои институции го уриваат безбедносниот систем

Vecer | 06.01.2022

Кој во Македонија вршел САЈБЕР ШПИОНАЖА, и кои институции го уриваат безбедносниот систем

Кандидатката за лидерка на СДСМ екс пратеничка и професорка на Факултетот за безбедност Фросина Ременски дава преглед на ситуацијата во однос на скандалот со компаниите кои преку Фејсбук вршеле сајбер шпионажа.

Таа открива која е македонската фирма преку која се шпионирало и кои се луѓето кои стојат зад неа.

При читање на текстот треба да се знае дека Ременски ја откри аферата Сребрено комбе со кое македонски оперативци вршеле прислушување и следење на комуникации во повеќе земји на ЕУ.

Таа беше член на собраниската комисија за надзор на службите за безбедност а нејзиниот сопруг е шеф на одделот за контратероризам во Агенцијата за национална безбедност.

Целиот текст е преземен од сајтот Ременски.мк:

Третата фирма на Иво Малинковски е близначка на блокираната фирма за сајбер-шпионажа „Сytrox“ (Сајтрокс) и на втората фирма „Sajgnet“ (Сајгнет).

Регистирана е на 14.11.2019 година како Друштво за развој на софтвер, трговија и услуги „СИНТЕЛЕКСА“ ДООЕЛ со исто седиште како и претходните две – на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.44 во Скопје – Центар. „Синтелекса“ за која нема да најдете никаква информација на интернет асоцира на фирмата на израелскиот воен разузнавач Тал Дилиан „ИНТЕЛЕКСА“ (https://intellexa.com/). По откривањето на оваа интернационална шпионска мрежа, повеќето корпоративни централи во Европа повеќе нема да работат бидејќи неколку познати подружници на Intellexa веќе се затворени од властите на ЕУ. Ротем, Аврахам, Дрор, Орен, Адлер, Иво – додека светот се справува со Предатор и Пегасус, Македонија станува „шпиунско гнездо“ се вели во еден сајбер-извештај на CitizenLab.

КОИ СЕ ЛУЃЕТО КОИ ЈА ОСНОВАЛЕ МАКЕДОНСКАТА ФИРМА ЗА САЈБЕР-ШПИОНАЖА САЈТРОКС ?

Дојче веле, во текст насловен како Демне ли „Предатор“ и во С. Македонија: Како да проверите дали сте жртва на шпионски софтвери пишува дека, „ниту еден македонски граѓанин досега не пријавил до надлежните институции дека е жртва на кражба на лични и чувствителни податоци или на прислушување, по обелоденувањето на случајот со седумте фирми коишто го блокираше компанијата Фејсбук, кои ја ја искористиле нејзината платформа за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји. Повеќето фирми се лоцирани во Кина, Израел и Индија, но една од посочените компании е компанијата „Сајтрокс“ од Северна Македонија и нејзиниот софтвер „Предатор“.

Агенцијата за електронски комуникации, Дирекцијата за заштита на лични податоци и Министерството за внатрешни работи за Дојче веле изјавиле дека, „ досега не е пристигнато известување од Фејсбук во врска со случајот“.

Во два претходни текста пишувавме за профилот на фирмата од Северна Македонија „Сајтрокс“ на Иво Малинковски која е под блокада на Фејсбук за сајбер-шпиунажа. Ја обелоденивме структурата на самата фирма, датумот и местото на основањето и улогата на израелската разузнавачка структура и бизнис на Тал Дилијан и Аврахам (Ави) Рубинстеин и продуктот – шпиунскиот софтвер „Предатор“.

ЗА КОГО ШПИУНИРА МАКЕДОНСКАТА ФИРМА НА ИВО МАЛИНКОВСКИ „САЈТРОКС“ (CYTROX) ?! – СЕРИЈАЛ: 1/5

Пишувавме дека, два дена пред светските медиуми да ја објават веста за блокирање на македонска фирма на Иво Малинковски „Сајтрокс“ под сомнение за „сајбер – шпиунажа“ од страна на Фејсбук, Мета и државни органи низ ЕУ, Иво Малинковски на 16.12.2021 година го реобновува основањето на втората фирма со иста дејност – Друштвото за развој на софтвер, трговија и услуги САЈГНЕТ ДООЕЛ Скопје.

Втората фирма близначка на Сајтрокс на Иво Малинковски – Сајгнет ДООЕЛ како седиште ја има истата адреса како и блокираната за „сајбер-шпиунажа“ фирма Сајтрокс ДООЕЛ – ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, бр. 44 Скопје – Центар, што е различно од официјално пријавената пред надлежните институции во реосновањето од 16.12.2021 година.

Интересен е податокот што се наведува дека, фирмата-близначка на блокираната „Сајтрокс“ (Cyrox) – Сајгнет ДООЕЛ, формално е истата блокирана фирма – Сајтрокс – Cytrox.

Фирмата САЈГНЕТ ДООЕЛ Скопје за сите информации поврзани со својата работа упатува на веб-страницата, која ни помалку ни повеќе е страницата https://intellexa.com/ на израелскиот воен разузнавач кој се бара по меѓународна и кипарска потерница откако за Форбс во август 2019 година го презентираше „софистицираното комбе опремено со опрема за пресретнување на интернет комуникации“ линк.

Кипарската полиција го конфискува „комбето за прислушкување“ на Тал Дилиан и уапси тројца негови вработени од фирмата под обвинение за шпиунажа линк.

На втората фирма на Иво Малинковски стоеше контактот на Ангела Петковска на електронка адреса: [email protected] или на телефон: 071-237-050, како лице за контакт при вработување во оваа анонимна IT фирма.

ЕДНА БЛОКИРАНА ЗА САЈБЕР-ШПИОНАЖА, ВТОРА РЕОСНОВАНА ДВА ДЕНА ПРЕД БЛОКАДАТА – Државата како „шпиунско гнездо“, а од институциите МОЛК (Серијал 2/5)

КОЈА Е ТРЕТАТА ФИРМА НА ИВО МАЛИНКОВСКИ ?

Третата фирма на Иво Малинковски е близначка на блокираната фирма за сајбер-шпиунажа „Сytrox“ (Сајтрокс) и на „Sajgnet“ (Сајгнет).

Регистирана е на 14.11.2019 година како Друштво за развој на софтвер, трговија и услуги „СИНТЕЛЕКСА“ ДООЕЛ со исто седиште како и претходните две – на улица Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.44 во Скопје – Центар.

„Синтелекса“ за која нема да најдете никаква информација на интернет асоцира на фирмата на израелскиот воен разузнавач Тал Дилиjан „ИНТЕЛЕКСА“ (https://intellexa.com/).

Додека американскиот Apple ја тужи НСО Групацијата од Израел за сајбер-шпиунажа и развивање на малициозниот шпиунски софтвер „Пегасус“ ги опиша како “озлогласени хакери и платеници кои создадоа високо софистицирани машини за сајбер-надзор“. Apple предупреди свои корисници и блокираше повеќе од 100 телефони на американски дипломатски претставници на мисии кои биле таргети и чиишто телефони биле инфицирани со малициозниот шпиунски софтвер „Пагасус“ на НСО Групацијата Apple sues NSO Group to curb the abuse of state-sponsored spyware

Советот за национална безбедност на САД во врска со НСО Групацијата и нејзините конкурентски фирми за производство на шпиунски софтвери на почетокот на ноември 2021 година изјави дека, „комерцијалниот шпиунски софтвер како софтверот на НСО Груп претставува сериозен контраразузнавачки и безбедносен ризик за американскиот персонал, што е една од причините поради кои Бајден-Харис Администрацијата стави неколку компании вклучени во развојот и ширењето на овие алатки на „црната листа на Министерството за трговија на САД“ линк

Кипарските власти со 925.000 евра ја казнија компанијата на Тал Дилијан WS WiSpear Systems Ltd за прекршување на нарушување на приватноста и заштита на податоците. Случајот се однесуваше на случајот со „шпиунското комбе“ при што под обвинение и потерница заврши израелскиот разузнавач Тал Дилијан и тројца негови соработници.

Активностите на компанијата, кои резултираа со собирање податоци Mac Address (Media Access Control Address) и IMSI (International Mobile Subscriber Identity) на различни уреди, во контекст на тестирање и презентација на технологии кои компанијата ги спроведена во реално време без да ги знае корисниците на уредите, претставува повреда на Принципот на законитост, објективност и транспарентност, истакнаа од кипарското обвинителство во ноември минатата година

Адресите на Mac се единствени броеви што уредот ги препознава кога се поврзува на Интернет. IMSI е единствен број, содржан во SIM-картичките (Subscriber Identity Module) и го идентификува претплатникот кога е поврзан на мрежата на неговиот провајдер. Овие податоци во комбинација со географската локација на уредот, во различни периоди, може да доведат до идентификација на корисникот на уредот.

Истрагата за аферата започна во ноември 2019 година, откако сопственикот на компанијата, Тал Дилијан, поранешен израелски разузнавач, даде интервју за Форбс во суштина рекламирајќи ги неговите услуги, кои вклучуваа тајно следење и прислушување со помош на комбе опремено со софистицирана опрема. За време на интервјуто, Дилијан со седиште во Ларнака ги изложи способностите на комбето што беше опремено со опрема способна да хакира паметни телефони и да пресретнува електронски комуникации во радиус од еден километар линк.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk