logo
logo
logo

Партизанска беше блокирана од колони возила поради ДВЕ СООБРАЌАЈКИ ВО ВЛАЕ

Vecer | 10.04.2025

Партизанска беше блокирана од колони возила поради ДВЕ СООБРАЌАЈКИ ВО ВЛАЕ

Сообраќајот по булеварот „Партизански одреди “ кај населбата Влае, сѐ уште се одвива отежнато по верижниот судир попладнево, објави „Нетпрес“.

Околу 17 часот се случи сообаќајна несреќа во која се вклучени четири возила, но нема сериозно повредени лица.

Верижниот судир се случи кај надвозникот пред влезот на населбата Влае.

Создадена е голема гужва на булеварот каде трае увидот, а има и амбулантно возило.

На кружниот тек кај Порта Влае вечерва се случи уште една сообраќајка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk