logo
logo
logo

Милошоски-Клакочар Зупанчич

Реафирмирана силната поддршка од Словенија за евроинтеграцијата на Македонија

Vecer | 10.04.2025

Реафирмирана силната поддршка од Словенија за евроинтеграцијата на Македонија

Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонијо Милошоски и членови на ова работно тело на Собранието остварија средба со претседателката на Државниот збор на Словенија, Уршка Клакочар Зупанчич, на вториот ден од нејзината посета на земјава.

На средбата беа разменети мислења за повеќе аспекти од соработката меѓу нашата земја и Република Словенија, со акцент на константната словенечка подддршка за евроинтеграцијата на Македонија, како и за целоит процес на проширување на Европската Унија.

Милошоски се осврна на пречките со кои се соочува нашата земја на долгиот пат кон остварување на својата стратешка цел, посочувајќи на разочараноста што ја предизвикува кај граѓаните одолговлекувањето на процесот на евроинтеграција, како фактор кој ги поттикнува и миграциите.

Соговорниците се осврнаа и на словенечкото искуство во однос на Хрватска, како пример за надминување билатерални спорови во интерес на проширувањето на ЕУ.

Клакочар Зупанчич ја реафирмира силната поддршката на Словенија за интеграција на нашата земја во ЕУ, оценувајќи дека процесот на проширување мора да продолжи со што побрзо темпо за целиот регион на Западен Балкан.

Претседателката на Државниот збор и пратениците од КЕП разменија мислења и за парламентарната соработка меѓу Северна Македонија и Словенија, како и за можностите за црпење искуства во процесот на реформите, особено во делот на образованието и јавното здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk