logo
logo
logo

Земјите-членки на АСЕАН го осудија насилството врз цивилите во Мјанмар и повикаа на мирно решав

Vecer | 27.07.2024

Земјите-членки на АСЕАН го осудија насилството врз цивилите во Мјанмар и повикаа на мирно решав

 Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) денеска го осудија насилството врз цивилите во Мјанмар и ги повикаа сите завојувани страни да го положат оружјето и да го следат мировниот план усвоен од регионалниот блок.

Во заедничкото коминике издадено два дена по почетокот на консултациите во Лаос, министрите за надворешни работи ги поздравија договорените практични мерки за намалување на тензиите во Јужното Кинеско Море и спречување инциденти во регионот. Во објавениот текст не се наведени конкретните мерки.

АСЕАН ги опиша ракетните тестови на Северна Кореја како вознемирувачки и повика на мирно решавање на конфликтите во Украина и Газа, изразувајќи загриженост поради тешката хуманитарна ситуација и жртвите во палестинската енклава. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk