logo
logo
logo

Активирани се антитерористичките специјалци во Лас Вегас- испробувал фрлач на пламен

Vecer | 06.09.2024

Активирани се антитерористичките специјалци во Лас Вегас- испробувал фрлач на пламен

Како што пренесува порталот „8newsnow“, Гевин Хамилтон (26) според официјалните судски документи ќе одговара за напад со смртоносно оружје, за подметнување пожар и за поседување дрога.

Во неделата, 1 септември, полицијата добила повик од одморалиште во Лас Вегас во врска со инцидент во хотелот, во кој учествувале работници вработени за одржување на системот за заштита од пожари. Како што се наведува, непознато лице го вклучило алармот за пожар на скалите, што го активирало системот и тоа довело до тепачка меѓу работниците и Хамилтон.

Кога вработените се обиделе да му пријдат на Хамилтон по скалите, тој фрлил непозната течност кон нив. Полицијата кај Хамилтон пронашла запалива течност и цевка долга речиси еден метар. Тој всушност имал рачно изработен фрлач на пламен.

Хамилтон на полицијата ѝ рекол дека се бранел од двајца мажи кои го бркале по скалите. Тој бил покриен со мрсна течност, најверојатно масло. Изјавил и дека намерно го активирал системот за дојава за пожар за да се отклучи една од заклучените врати при бегството.

Системот е дизајниран така што по активирањето се вклучиле прскалките за вода, но сите врати во хотелот не се отклучувале автоматски.

Хамилтон не се појавил на своето прво судско рочиште, каде му била одредена кауција од 34.000 долари. Задржан е во притвор до понатамошно известување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk