logo
logo
logo

Се огласи мајката на 18- годишникот, осомничен за терористички напад во Минхен

Vecer | 06.09.2024

Се огласи мајката на 18- годишникот, осомничен за терористички напад во Минхен

„Мојот син е мртов само затоа што погрешил“, наводно напишала мајката на Фејсбук под сликата на нејзиниот син Емре.

Како што пишува Билд, младиот човек од Австрија, со босански корени, испукал девет до десет истрели откако полицијата го открила во близина на нацистичкиот центар за документација и израелскиот конзулат.

Полицијата возврати со оган, а истражителите веруваат дека се работи за обид за терористички напад.

Соседите имаат само пофални зборови за младиот човек, но и за целото семејство, а целиот настан во најмала рака ги „шокирал“. Велат дека биле прекрасно семејство и дека убаво се „интегрирале во австриското општество“.

Австриски новинари во непосредна близина сретнале двајца тинејџери кои рекле дека никогаш не виделе знаци на радикализација кај убиениот или дека тој не ги покажал.

„Беше смешен, се шокирав кога слушнав дека е радикализиран. Не знам, можеби бил во некои групи на Телеграм, но тоа сега никој не го знае. Вака не покажа дека е радикален“, рекол еден од тинејџерите.

Неговото мислење го делат и другите соседи кои веруваат дека целото семејство било пријателски настроено.

Да потсетиме дека Емре И. е осомничен дека пукал во близина на израелскиот конзулат во Минхен, а бил убиен во размена на оган со полицијата.

Осомничениот дошол во Центарот за документација на националсоцијализмот и носел пушка со бајонет. Потоа пукал во блиската полициска станица.

Инцидентот се случи на годишнината од нападот за време на Олимпијадата во 1972 година, кога палестинските терористи убија 11 израелски спортисти во Минхен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk