ЗАПЛЕНЕТИ ИСТОРИСКИ 9,6 ТОНИ КОКАИН! Дилер го чувал на невероватно место

Vecer | 14.08.2021

ЗАПЛЕНЕТИ ИСТОРИСКИ 9,6 ТОНИ КОКАИН! Дилер го чувал на невероватно место
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Еквадорската полиција запленила вчера историска количина кокаин – дури 9,6 тона!

Вкупната вредност на запленетата дрога е 450 милиони долари.

Полицијата вчера запленила 9,6 тони кокаин од Колумбија – рекла министерката за внатрешни работи Александра Вела, додавајќи дека тоа е најголема количина запленета во земјата.

- Запленивме историска количина кокаин – рекла Вела на конференција за печат.

Полицијата известила дека кокаинот, кој во земјата дошол од Колумбија, а највероватно требал да се прокриумчари во Мексико и САД, откриен во стан во Гвајакула, на југозапад на земјата.

Уапсени се двајца еквадорски државјани и запленети десетина парчиња огнено оружје, додала полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk