logo
logo
logo

Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал

Vecer | 15.04.2025

Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал

„Уапсени се 234 високи членови на организирани криминални групи, 225 во земјата и девет во странство“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, додавајќи дека апсењата се извршени во Холандија, Германија, Шпанија и Белгија.

Тој рече дека меѓу уапсените има членови на организации кои се занимаваат со шверц на кокаин, хероин и екстази на неколку континенти.

„Запленети се повеќе од 21 тон наркотици, имот и стока во вредност од 13 милијарди турски лири (околу 300 милиони евра). Се соочуваме со голема меѓународна структура“, рече турскиот министер.

Истакна дека осомничените се обвинети за широк спектар на кривични дела, од трговија со дрога до убиства и перење пари.

„Како дел од таа операција беа разменети информации и документи со полициските сили на Франција, Англија, Австралија, САД, Грција, Србија, Азербејџан, Косово, Бугарија, Северна Македонија, Бразил и Иран“, додаде Јерликаја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk