- Можам да потврдам дека претседателот (Емануел) Макрон навистина разговараше со Трамп, Зеленски и (Кир) Стармер и оти разговорот беше позитивен, изјави претставник на Елисејската палата.
Претходно, Белата куќа средбата Трамп – Зеленски ја оцени како „многу продуктивна“.
Портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров најави дека во текот на денот ќе има уште една средба помеѓу Зеленски и Трамп.
Лидерите се согласија да ги продолжат разговорите денеска. Тимовите работат на организирање на продолжението на состанокот, посочи Никофоров. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата