logo
logo
logo

Ужас во Германија: Си ја убил поранешната девојка, па пред полицијата се избодел со нож

Vecer | 24.03.2025

Ужас во Германија: Си ја убил поранешната девојка, па пред полицијата се избодел со нож

Телото на девојката било пронајдено во нејзиниот стан. Брзата помош се обидела да ја реанимира, но за жал не можела да се спаси,објави Билд.

Осомничениот по злосторството побегнал со автомобил, но бил запрен од патрола. Потоа излегол од автомобилот со нож во рака и ги игнорирал барањата на полицијата да го фрли оружјето.

Полицаецот испукал предупредувачки истрел, а потоа го застрелал осомничениот во ногата. После тоа, младиот човек си нанел тешки повреди со нож.

„И покрај преземените мерки, во болницата кај него е констатирана смрт“, изјави портпаролката на полицијата.

Се уште не е познат мотивот за злосторството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk