logo
logo
logo

Француските обвинители бараат седум години затвор за Саркози поради проневера

Vecer | 27.03.2025

Француските обвинители бараат седум години затвор за Саркози поради проневера

Француското обвинителство денеска побара седумгодишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра за поранешниот претседател Никола Саркози, кој се соочува со обвиненија за нелегално финансирање на кампањата од режимот на сега починатиот либиски владетел Моамер Гадафи, објави Индекс.

На Саркози му се суди од јануари под обвинение за прикривање на проневера на јавни средства, пасивна корупција, нелегално финансирање на кампањата и криминален заговор за извршување кривично дело.

Финансискиот обвинител Себастиен де Ла Туан ги опиша обвиненијата против Саркози и другите 12 обвинети како корупција со висок интензитет. Де Ла Туан рече дека Саркози склучил фаустовски пакт за корупција со еден од најомразените диктатори во последните 30 години. Обвинителите побараа и петгодишна забрана за политичка активност и користење на одредени привилегии.

Надвор од судницата, адвокатите на Саркози им рекоа на новинарите дека бараните казни се строги и неосновани и дека тој е невин. „Ќе продолжам да се борам педа по педа за вистината и довербата во мудроста на судот“, објави Саркози на Фејсбук, додавајќи дека случајот е политички мотивиран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk