logo
logo
logo

Неочекуван потег на Трамп- го повлече предлогот Елис Стефаник да биде амбасадорка во ОН

Vecer | 27.03.2025

Неочекуван потег на Трамп- го повлече предлогот Елис Стефаник да биде амбасадорка во ОН

Елис Стефанек е републиканска конгресменка во Претставничкиот дом на САД и кандидат за амбасадорка во ОН.

„Елис е неверојатно силна личност, а пред сè, паметен борец за Америка“, рече Трамп во изјавата со која ја објави нејзината номинација.

Шефот на Белата куќа го објави овој неочекуван потег на неговата социјална мрежа Truth social: „Додека ја продолжуваме нашата агенда „Америка на прво место“, од суштинско значење е да го држиме СЕКОЕ републиканско место во Конгресот. Мораме да бидеме обединети за да ја постигнеме нашата мисија, а Елис Стефаник беше клучен дел од нашите напори од самиот почеток“, напиша Трамп, продолжувајќи: „Побарав од Елис да остане како помош да ги оствариме ердни од најголемите даночни одлеснувања во историјата, рекорден економски раст, безбедна граница, енергетска доминација, мир преку сила и многу повеќе за да ја направиме АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА. Со многу тенко мнозинство, не сакам да дозволам некој друг да се кандидира за местото на Елис, а со неа немаме за што да се грижиме на денот на изборите.

Трамп продолжи да ја фали оваа њујоршка конгресменка: „Има и други кои можат да направат добра работа во Обединетите нации. Затоа Елис ќе остане во Конгресот, ќе се приклучи на лидерскиот тим на Претставничкиот дом и ќе продолжи да се бори за нашиот неверојатен американски народ. Претседателот Џонсон е воодушевен! Со нетрпение го очекувам денот кога Елис ќе може да се приклучи на мојата администрација во иднина. Таа е апсолутно Фантастична. Ти благодарам Елис!“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk