Ова ќе го намали бројот на вработени за приближно една четвртина, објави АП.
HHS планира да консолидира 28 постоечки агенции во 15, вклучувајќи ја и новата агенција Healthy America. Исто така, бројот на регионални канцеларии се намалува од 10 на 5. Овие мерки треба да заштедат 1,8 милијарди долари годишно.
Министерот за здравство Роберт Ф.Кенеди Џунуиор вели дека реформата не се однесува само на намалување на бирократијата , туку у на стратегиска борба против хроничните болести- преку здрава исхрана , чиста вода и намалување на штетните влијанија на околината.
Најголемите отпуштања ќе бидат во:
• Управата за храна и лекови (ФДА): 3.500 работни места, без влијание врз инспекциите и одобренијата за лекови и храна
• Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ): 2.400 работни места
• Национален институт за здравје (НИХ): 1.200 работни места преку централизација на одделот
• Центар за работни места Medicare и Medica .
Новата Агенција за здрава Америка ќе обедини неколку постоечки тела и ќе се фокусира на примарната здравствена заштита, менталното здравје, здравјето на мајките и децата, заштитата на животната средина и борбата против ХИВ.
Предвидени се и нови канцеларии: помошник министер за надзор и нова канцеларија за стратегија, кои ќе ја подобрат ефективноста на здравствените политики.
Се очекува отпуштањата да стапат на сила на 27 мај. Првите известувања до вработените може да пристигнат веќе на крајот на неделата, а отпуштањата најмногу ќе влијаат на административните позиции и повеќекратните преклопувачки улоги.
Синдикатот на вработените е поканет на преговори за спроведување на кратењата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата