logo
logo
logo

Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

Vecer | 13.04.2025

Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

- Доаѓа момент кога или треба да покажеш што можеш или да замолчиш. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека работите одат добро, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Ер Форс Уан.

Коментарите на Трамп следуваа по состанокот на високо ниво во Русија, каде што неговиот пратеник Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на 11 април. Посетата беше дел од тековните напори на администрацијата на Трамп да посредува за примирје меѓу двете земји. Според руската агенција ТАССсредбата траела четири часа.

- Мислам дека преговорите меѓу Украина и Русија веројатно се одвиваат во ред. И наскоро ќе дознаете повеќе, рече Трамп.

Пред еден месец, Украина се согласи на целосно 30-дневно примирје во преговорите посредувани од САД во Џеда. Во меѓувреме, Русија не само што одби целосно примирје, туку и продолжи да ги напаѓа украинските градови и повеќекратно го прекрши делумниот прекин на огнот воспоставен во средината на март.

Некои критичари велат дека Москва одолговлекува и нема вистински интерес да го запре војувањето, особено додека продолжува да напредува на бојното поле. Кремљ јавно не се обврза на условите што ги прифати Украина. Сепак и Москва ја обвинува Украина за напади на нејзината енергетска инфраструктура. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk