logo
logo
logo

Техеран демантира дека иранскиот амбасадор во ОН се сретнал со Илон Маск

Vecer | 16.11.2024

Техеран демантира дека иранскиот амбасадор во ОН се сретнал со Илон Маск

Државната новинска агенција ИРНА објави дека портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи негирал оти амбасадорот Иравани се сретнал со Маск и изразил изненадување од обемното покривање на американските медиуми за ова прашање, пренесува Бета.

Повеќе медиуми во САД, повикувајќи се на американски функционер кој побарал анонимност, објавија дека Маск и Ирвани имале средба во Њујорк во понеделник и зборувале за иранската нуклеарна програма, за поддршката на земјата за анти-израелските организации низ Блискиот Исток и за можноста за подобрување на односите меѓу Вашингтон и Техеран.

Наводната средба, според медиумите извештаи е оценета како можен прв чекор за намалување на тензиите со новозибраниот претседател Доналд Трамп. Средбата со Маск ја побарале Иранците и таа не се одржала во иранската мисија во ОН.

Транзицискиот тим на Трамп ниту ја потврди ниту ја демантираше средбата, за која прв извести Њујорк Тајмс.

Информациите и демантот за средбата доаѓаат во момент кога Трамп ги објавува имињата на луѓето што ќе ги заземат клучните позиции во надворешната политика, вклучувајќи го сенаторот Марко Рубио за државен секретар и пратеникот во Претставничкиот дом Мајк Валц за советник за национална безбедност, кои досега во јавните настапи изразуваа остри ставови кон Иран.

Од друга страна, иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни работи, постојано го искажува сопственото негодување за Трамп, за разлика од новиот реформски претседател на Иран, Масуд Пазешкијан, кој ја остави отворена можноста за разговори со новиот американски претседател. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk