logo
logo
logo

Јапонија ветува дополнителен пакет помош за Украина

Vecer | 16.11.2024

Јапонија ветува дополнителен пакет помош за Украина

Јапонија вети уште еден пакет помош за Украина за поддршка во одбраната од руската инвазија, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски по состанокот со јапонскиот министер за надворешни работи Такеши Иваја во Киев, без да даде дополнителни детали за обемот или содржината на помошта.

Тој рече дека Јапонија веќе ја поддржа Украина со помош во вредност од 12 милијарди долари.

-Јапонија е вистински лидер во Азија во одбраната на меѓународниот поредок заснован на правила и едноставно човечкиот живот, рече Зеленски во видео пораката.

Украинскиот претседател рече дека разговарал со Иваја за помошта што Москва ја добива од Северна Кореја.

Владата во Пјонгјанг обезбеди над 10.000 војници за поддршка на руските сили во војната во Украина. Според украинските разузнавачи, овие војници се распоредени заедно со руски војници на линијата на фронтот Курск за да и помогнат на Москва да го врати западниот руски регион окупиран од украинските трупи од летото.

-Русија ја учи Северна Кореја за модерно војување, а тоа може да доведе до далекусежна дестабилизација, додаде Зеленски.

По разговорот со Зеленски, Иваја се сретна со неговиот украински колега Андриј Сибиха, објавија украинските медиуми. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk