logo
logo
logo

Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош во Појасот Газа

Vecer | 16.11.2024

Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош во Појасот Газа

Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој полета од централниот италијански град Пиза, беше собрана од добротворната група „Confederazione Nazionale delle Misericordie d'Italia“, се вели во соопштението.

-Италија прави и ќе продолжи да прави се што е можно за да ги ублажи страдањата на цивилното население во Газа, рече министерот за одбрана Гидо Крозето, додавајќи дека Италија не ги заборава страдањата и е посветена на деескалација на конфликтот.

Авионот ќе слета на аеродромот Ларнака на Кипар, по што сите материјали што ги носи ќе бидат префрлени во Газа.

Претходно оваа година, Италија покрена водечка иницијатива наречена „Храна за Газа“ за да му помогне на тамошното цивилно население и испрати неколку пратки со помош на погодените од војната што ја пустоши палестинската енклава./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk