- На 10 декември, Кралската тајландска морнарица презеде проширени оперативни овластувања во својот сектор поради ескалацијата на непријателствата со Камбоџа, се наведува во соопштението.
Операцијата се нарекува „Трат го потиснува непријателот“, а воениот брод ХТМС Тепа (HTMS Thepa) е распореден во областа за да извршува 24-часовни патроли и извидувања.
Портпаролот на тајландското Министерство за одбрана, Сурасант Конгсири изјави дека поради тековните гранични судири со Камбоџа над 400.000 жители во седум провинции да се евакуираат.
Командата на Втората армија на Тајланд на социјалните мрежи објави дека од утрово имало размена на оган во неколку области долж границата, во провинциите Бурирам, Сурин, Сисакет и Убон Рачатани. Но, нема информации за евентуални жртви.
Според тајландските медиуми, поради нови гранични судири меѓу Тајланд и Камбоџа, повеќе од 800 училишта и неколку болници се привремено затворени во пограничните покраини на Тајланд.
Борбите во пограничните области помеѓу двете земји ескалираа за време на викендот. Двете земји меѓусебно се обвинуваат за прекршување на прекинот на огнот и продолжуваат со нападите.
Според најновите извештаи, повеќе од 54.500 луѓе ги напуштиле своите домови во Камбоџа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата