Обвинетите се обвинети дека ги префрлале бебињата во неонатални одделенија во 19 приватни болници, каде што наводно биле чувани на долги, а понекогаш и непотребни третмани, пренесува АП.
Најмалку 10 доенчиња, наводно, починале во изминатата година поради занемарување или медицински грешки во установи кои не биле опремени за да им се обезбеди соодветен медицински третман.
На судењето во Истанбул, обвинителите тврдат дека обвинетите, исто така, фалсификувале извештаи за да направат бебињата да изгледаат дека имаат посериозна здравствена состојба отколку што всушност имале за да примаат исплати од државната служба за социјално осигурување.
Главните обвинети негираат дека сториле нешто лошо, тврдејќи дека ги донеле најдобрите можни одлуки и се соочуваат со казна за ненамерни последици.
Случајот, кој излезе на виделина минатиот месец, предизвика гнев во јавноста и поттикна повици за заострување на надзорот врз турскиот здравствен систем, додека турските власти оттогаш им ги укинале лиценците и затвориле девет од 19 болници вмешани во скандалот.
Д-р Фират Сари, главниот обвинет кој раководел со одделенијата за неонатална интензивна нега во неколку приватни болници во Истанбул, се соочува со можна затворска казна до 583 години.
Тој е обвинет за основање криминална организација со цел кривично дело, измама на државни институции, фалсификување службени исправи и убиство од небрежност.
На распитот Сари ги негираше сите обвинувања во обвинението од 1.400 страници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата