Наводно, мајката имала психички проблеми, а се верува дека го убила детето во состојба на психичко растројство.
Соседите положија свеќи, играчки и цвеќиња пред зградата каде што се случи злосторството, а како што велат се уште не знаат дека тоа навистина се случило.
На местото на злосторството владее морничава тишина, а голем број луѓе дошле за да му оддадат почит на невиното момче.
Мајката била опишана како љубезна, самопожртвувана жена, која на моменти изгледала преоптоварено и често барала совет од други мајки во паркот бидејќи „не знаеше што да прави“. Работела во градинка како асистент на учителка.
Елинфур набргу по извршеното кривично дело е уапсена во видно лоша психичка состојба и со расекотини кои очигледно самата си ги нанела. Иако повредите не се опасни по живот, таа се наоѓа во болница, поради што се уште не е прегледана.
Прелиминарниот форензички извештај открил шокантни детали - малото дете било прекриено со исеченици и убодни рани. Инспекторите го заплениле оружјето за кое се тврди дека е извршено убиството.
Да потсетиме, делото се случило во неделата, околу 07:30 часот, а според пишувањата на медиумите, во станот во моментот на злосторството биле и сопругот на осомничената и татко на момчето, кој повикал брза помош и полицијата.
Кога екипите пристигнале на местото на настанот затекнале шокантна сцена, таткото облеан во крв обидувајќи се да го спаси синот. Кога сфатил дека на момчето нема спас, седнал на скалите и неутешно плачел.
„Неутешни сме. Срцата ни се скршени, не веруваме дека ова слатко детенце е мртво. Со часови се надевав дека е несреќен случај“, вели Хасрет Д.(34), добра пријателка на осомничената за убиството.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата