logo
logo
logo

Шпанија ќе легализира влез на 300.000 илегални мигранти годишно: Ни требаат работници

Vecer | 19.11.2024

Шпанија ќе легализира влез на 300.000 илегални мигранти годишно: Ни требаат работници

Шпанија ќе го легализира статусот на околу 300.000 илегални имигранти годишно во следните три години, бидејќи се обидува да ја зголеми својата работна сила поради стареењето на населението, изјави денеска министерката за миграција Елма Саиз за новинарите.

Шпанија, предводена од левичарската малцинска коалициска влада, е главно отворена за мигранти, иако другите европски земји како Италија и Германија се обидуваат да воведат построга контрола на границите.

„Шпанија треба да одлучи дали ќе биде отворена, просперитетна земја или затворена и сиромашна земја, а ние ја избравме првата“, рече Саиз, додавајќи дека на нацијата ѝ се потребни 250.000 до 300.000 странски работници годишно кои плаќаат данок за да ја одржи благосостојбата.

Реформата ги скратува и поедноставува законските и административните процедури за дозволите за работа и престој, односно им овозможува на мигрантите да се регистрираат како самовработени или вработени и им обезбедува дополнителни гаранции за работничките права.

Економијата на Шпанија е најбрзо растечка во Европската унија, делумно поттикната од бранот квалификувани имигранти од Латинска Америка кои го пополнија недостигот на работна сила во технолошкиот и угостителскиот сектор. Бруто домашниот производ порасна за 3,4 отсто во третиот квартал во споредба со претходната година.

Според истражувањето од 40 dB за весникот Ел Паис и радиото Кадена Сер, спроведено во октомври, 57 отсто од Шпанците веруваат дека има „премногу“ имиграција, додека 54 отсто веруваат дека процентот на мигранти е поголем од официјалните бројки за странски државјани во Шпанија, што изнесува 18 ,5 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk