Три лица се уапсени во Шпанија, а две во Колумбија, за време на седум рации, каде што полицијата не ги прецизира точните локации каде што е пронајдена дрогата, објави Европол. Истрагата била спроведена со поддршка на колумбиските власти.
Според полицијата, мрежата за шверц годишно префрлала околу 120 тони кокаин од Колумбија во Европа, користејќи пристаништа во Холандија, Белгија и Шпанија,објави Јаху.
Поврзана со колумбиски клан
Шверцерите наводно биле поврзани со колумбискиот криминален клан Клан дел Голфо, еден од најголемите играчи на светскиот пазар на кокаин.
Полицијата ги опиша осомничените како лица кои работеле преку фиктивни компании и други сложени шеми за шверц. Врвот на мрежата координирал операции од Колумбија, Шпанија и Дубаи.
Специјална единица во рамките на организацијата била задолжена за перење пари преку офшор компании, со регистрирани трансакции со криптовалути во вредност од околу 700 милиони американски долари.
Истражителите го направија клучниот пробив кога добија пристап до шифрирана размена на пораки преку апликацијата Sky ECC. Истрагата, која започнала во 2022 година, беше наречена со кодно име „Гулупа“ по колумбискиот вид маракуја.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата