Сан Франциско им дозволи на полицајците да користат „роботи-убијци“

Vecer | 01.12.2022

Сан Франциско им дозволи на полицајците да користат „роботи-убијци“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Од SFPD изјавија за Би-Би-Си дека во моментов не користат роботи опремени со смртоносни уреди. Но, додаваат дека такво сценарио е можно во иднина.

Портпаролот на полицијата рече дека „роботите би можеле да имаат експлозив во себе што ќе се користи за пробивање на утврдени објекти во кои се сместени насилни, вооружени или опасни субјекти“. Тој, исто така, рече дека тие може да се користат за „онеспособување или дезориентирање на насилни, вооружени или опасни осомничени кои претставуваат смртна закана“ и дека ќе се користат само во екстремни ситуации.

Мерката е усвоена во вторникот со амандман со кој се прецизира дека полицајците можат да ги користат овие роботи само откако ќе користат алтернативни тактики за деескалација. Противниците на оваа одлука наведуваат дека тоа може да доведе до дополнителна милитаризација на полициските сили.

Овој тип на смртоносен робот веќе се користи во други делови на САД. Во 2016 година, полицијата во Далас, Тексас, употребила робот вооружен со експлозив Ц-4 за да убие снајперист кој убил двајца и ранил неколку други полицајци.

„Овој потег би можел да ги поттикне луѓето да се чувствуваат сè повеќе одвоени од употребата на сила и од последиците од тој чин. На овој начин ќе биде полесно да се донесе одлука за употреба на убиствени постапки“, рече Кетрин Коноли од групата Стоп за роботи- убијци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk