Рекордна заплена во Еквадор: Во стан пронајдени 9,6 ТОНИ КОКАИН

Vecer | 16.08.2021

Рекордна заплена во Еквадор: Во стан пронајдени 9,6 ТОНИ КОКАИН
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Еквадорската полиција во петокот заплени 9,6 тони кокаин од Колумбија, изјави министерката за внатрешни работи Александра Вела, додавајќи дека ова е најголемата количина запленета досега во земјата.

„Денес запленивме историско количество кокаин“, рече Вела на прес -конференција.

Полицијата објави дека кокаинот, кој дошол во земјата од Колумбија и најверојатно бил прошверцуван во Мексико и САД, бил откриен во стан во Гвајакил, југозападно од земјата. Неговата пазарна вредност се проценува на околу 450 милиони долари.

Двајца државјани на Еквадор беа уапсени, а десетина парчиња огнено оружје беа запленети, додаде полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk