Пожарот избувнал на обиколницата, во близина на метро станицата Ел Кавмија, во Гиза, во поширокото подрачје на Каиро, а екипи на цивилната одбрана и противпожарната служба веднаш биле испратени на местото на настанот за да го изгаснат пожарот и да спречат негово ширење на околните возила и области, известува Масарви.
Според египетските медиуми, пожарот зафатил цистерна со нафта, а пламен и густ чад се прошириле над областа Варак.
Сведоци изјавиле дека пожарот се проширил и на други возила.
Полицијата и спасувачките служби излегле на местото на настанот откако бил пријавен пожарот, додека пожарникарите интензивно работеле на локализирање на пожарот.
И тешка механизација била распоредена за отстранување на остатоците од урнатите возила и санирање на местото на несреќата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата