logo
logo
logo

Невработеноста во Австрија во октомври пораснала на 6,9 проценти- 372.000 се невработени

Vecer | 06.11.2024

Невработеноста во Австрија во октомври пораснала на 6,9 проценти- 372.000 се невработени

Како што се наведува, од наведениот број невработени се 293.301 лице, додека во програмата за преквалификација на АМС се 78.347 лица.

Бројот на невработени лица и учесници во обуките за вработување се зголемил за 32.752 на годишно ниво, пренесува виенски „Стандард“.

Австрискиот министер за труд и економија Мартин Кохер состојбата на пазарот на трудот ја оцени како „амбивалентна“ откако во октомври се зголеми невработеноста во земјата, но истовремено е забележан и рекорден број вработени и доволен број слободни работни места.

Според него, проблем е пред сѐ секторот индустрија, каде невработеноста се искачила на повеќе од 16 проценти.

Кохер изјави дека има први знаци на „внимателен оптимизам“ во однос на економскиот развој на Австрија, додавајќи дека закрепнувањето на економијата е предуслов за стабилизација на пазарот на трудот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk