Тоа го направија во знак на протест поради победата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Во видеото објавено од групата Just Stop Oil на платформата X, може да се видат двајца членови на организацијата како го прскаат ѕидот на амбасадата со портокалова боја.
Организацијата соопшти дека „победата на Трамп ги става во опасност животите на обичните луѓе насекаде“, објави Скај Њуз.
🧯 US EMBASSY PAINTED ORANGE AS WE REJECT FASCISM
— Just Stop Oil (@JustStop_Oil) November 6, 2024
This morning the world wakes to find it has slipped further into fascism as well as climate breakdown. Trump's win puts the lives of ordinary people at risk, everywhere.
Political systems that can be bought by big oil have no… pic.twitter.com/5OuFgH1B70
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја победи демократската кандидатка Камала Харис по победата во Висконсин, пренесоа американските медиуми.
Трамп доби 10 електорски гласови во Висконсин, со што освои вкупно 277 електорски гласови. За победа на претседателските избори потребни се најмалку 270 електорски гласови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата