Потпретседателката зборуваше од Универзитетот Хауард во Вашингтон, каде што дипломирала во 1986 година.
Камара Харис рече дека денес му се јавила на Доналд Трамп и му ја честитала победата.
„Исто така, му реков дека ќе му помогнеме нему и на неговиот тим во нивната транзиција и дека ќе се вклучиме во мирниот трансфер на власта“, вели таа.
„Основниот принцип на американската демократија е дека кога ќе изгубиме избори, ги прифаќаме резултатите.Тој принцип, како и секој друг, ја прави разликата меѓу демократијата и тиранијата.“
Камала Харис му се обрати и на своето семејство, велејќи: „До мојот сакан Даг и нашето семејство - многу ве сакам“.
Таа им се заблагодари и на претседателот Џо Бајден и на првата дама, Џил Бајден, за нивната „верба и поддршка“.
А за нејзиниот кандидат Тим Волц и неговото семејство, таа вели: „Знам дека вашата служба за нашата нација ќе продолжи.
„И на мојот извонреден тим, на волонтерите кои дадоа толку многу од себе, на анкетарите и на претставниците на локалните избори - Ви благодарам, ви благодарам на сите.“рече Харис и продолжи: „Толку сум горда на трката што ја истрчавме и начинот на кој ја водевме“.
Таа вели дека во текот на нејзината кратка кампања, тие биле „посветени за градење заедница и градење коалиции, зближувајќи ги луѓето од секоја сфера на животот“.
„И тоа го направивме со знаење дека сите имаме многу повеќе заедничко од она што нѐ разделува.“
Харис имаше намера да го одржи својот победнички говор на Универзитетот синоќа, а нејзините поддржувачи се собраа да ги гледаат резултатите како стигнуваат во текот на вечерта додека не сфатија дека се на пат за пораз, објави Скај Њуз.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата