Во швајцарскиот град Арау, синоќа се случи пукање на рејв забава каде што се собрале околу 3.500 луѓе. Според првичните информации, 22-годишна жена е убиена, а пет млади лица се ранети, некои од нив сериозно.
Напаѓачот или повеќе од нив се во бегство, а полицијата спроведува обемна потрага со хеликоптер. Мотивите за нападот и точните околности засега се непознати, а граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа. Специјалните сили вооружени со пушки патролираат по улиците.
Воениот хеликоптер е сè уште во воздух, се пребарува поширока област
Воениот хеликоптер „Супер Пума“ сè уште активно лета над и ја пребарува областа околу Арау, објавува „Блик“.
Еден од читателите го снимил полетувањето на хеликоптерот во блискиот град Хунценшвил во кантонот Ааргау. Полициска операција од големи размери и потрагата по сторителите сè уште се во тек на терен.
Сведок: Видов сенка со автоматска пушка
Досега многу малку се знае за сторителите, а полицијата сè уште не може да потврди дали станува збор за еден или повеќе напаѓачи, објавува Блик.
Портпаролот на полицијата, Паскал Венцел, повтори дека големата потрага е во полн ек и дека мотивите на нападот сè уште се непознати.
Еден од очевидците од хиподромот раскажа како видел „сенка со автоматска пушка“ ноќе. Во нападот е убиена 22-годишна жена, додека пет лица на возраст меѓу 24 и 27 години се хоспитализирани со повреди од полесни до сериозни.
Објавени детали за жртвите: убиена 22-годишна жена, пет млади лица во болница
Кантоналната полиција во Аргау ги објави првите официјални детали за жртвите од синоќешната пукотница во Аргау.
Во нападот, на местото на настанот е убиена 22-годишна девојка од Арау. Уште пет лица на возраст меѓу 24 и 27 години се пренесени во болница - четири мажи и една жена. Според полициското соопштение, нивните повреди се движат од полесни до сериозни.
Полицијата објави нови информации: „Потрагата по сторителите е во полн ек“
Портпаролот на кантоналната полиција во Аргау, Паскал Венцел, даде нова изјава за тековната операција во Аргау, објавува Блик.
„Потрагата по непознатите сторители е во полн ек“, рече Венцел, додавајќи дека во овој момент полицијата не може да даде дополнителни детали. Фотографиите на EPA покажуваат припадници на специјалните полициски сили вооружени со автоматски пушки.
Истражителите интензивно работат на утврдување на видот на оружјето што е употребено во нападот, а сè уште не е познато дали напаѓачите се уште се вооружени. Венцел, исто така, одби да коментира дали тешко повредените лица се во опасност.
Диџејот кој настапи на забавата објави: „Почивај во мир М“
Швајцарскиот диџеј Текибо, кој настапи во Арауер Рејв во неделата вечерта и беше сведок на пукањето, објави емотивна порака на својот Инстаграм профил.
„Она што се случи на Aarauer Rave е апсолутно срцепарателно и нешто што никогаш не треба да се случи на нашата сцена! Техното и рејвовите треба да бидат места на слобода и безбедност, а никогаш места каде што се случува нешто вакво“, рече диџејот.
Тој изјави дека сè уште се обидува да сфати што точно се случило бидејќи „изгубил важен пријател“ во нападот.
„Немам вистински зборови за ова... Ќе направам пауза од сè некое време за да ја сфатам оваа ситуација! Почивај во мир М“, заклучи музичарот. Засега, официјално не е познато на кого точно се однесува неговата порака за збогум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата