Напаѓачите во Сиднеј со месеци го планирале масакрот- сакале да нападнат со бомби за да има што повеќе жртви

Vecer | 14.12.2025

Напаѓачите во Сиднеј со месеци го планирале масакрот- сакале да нападнат со бомби за да има што повеќе жртви
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Според непотврден извештај, полицијата добила дојава дека бомба е поставена под пешачки мост, а полицајците продолжуваат да ја пребаруваат областа.

Тие исто така истражуваат како вооружените лица стигнале таму и каде е нивниот автомобил.

Најмалку 10 лица беа убиени, вклучувајќи деца, полицаец и еден од напаѓачите, откако двајца вооружени лица отворија оган на забава за Ханука, за која полициски извори веруваат дека била планирана со месеци.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CNA (@channelnewsasia)

Се вели дека еден напаѓач е убиен, додека друг е ранет и е во притвор. Сепак, сега има гласини за трет наводен напаѓач.

Најмалку 12 лица беа повредени во масакрот и однесени во болници во Сиднеј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk