logo
logo
logo

Напад со дронови на Грозни, одекнале четири експлозии (ВИДЕО)

Vecer | 15.12.2024

Напад со дронови на Грозни, одекнале четири експлозии (ВИДЕО)

Во главниот град на Чеченската Република, Грозни, утрово одекнале четири експлозии, соопштија локалните власти на Телеграм, повикувајќи се на сведоштва на населението и наведуваат дека се работи за напад со украински беспилотни летала.

Очевидци тврдат дека слушнале звуци од експлозии околу 7 часот и 45 минути по локално време, наведувајќи дека пред детонациите во блиското село се слушале звуци карактеристични за дронови, пренесува руска Газета.

- Прелиминарно може да се каже дека се работи за напад со дронови, се наведува во соопштението на локалните власти во кое се прецизира дека во градот се регистрирани четири експлозии.

Потврдено е и дека локалната полиција отворила оган врз дронови насочени кон полициската станица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk