Метрополитен полицијата соопшти дека двајца мажи, двајцата на возраст од 30 години, исто така се повредени. Едниот е пренесен во болница во критична состојба, додека другиот се здобил со повреди кои не се опасни по живот, објави Би-Би-Си.
Полицијата околу 21 часот и 15 минути била повикана на „Гифорд роуд“, каде била пронајдена повредена жена на возраст од четириесет години. Таа починала на местото на настанот.
Засега никој не е уапсен.
Надзорникот Тони Џозефс, од северозападната единица на Метрополитенската полиција, која ја покрива областа Брент, рече:
„Ова е навистина шокантен настан кој резултираше со смрт на една жена и со повреди на двајца мажи. Ја разбирам загриженоста што ова ќе ја предизвика во локалната заедница и низ Лондон. Сакам да ја уверам јавноста дека тим од искусни детективи веќе интензивно работи на расветлување на синоќешните настани и откривање на сторителите на овој страшен чин на насилство“.
Тој испрати и порака до сите сведоци на настанот.
„Ако сте биле во близина на Гифорд Клоус во моментот на пукањето или имате какви било информации за тоа кој е одговорен, ве молиме контактирајте со нас. Семејството е уништено и заедно мораме да направиме сѐ што можеме за да ги добиеме одговорите“, рече Џозефс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата