logo
logo
logo

„Можеби дури и јас ќе бидам во позиција да го прифатам талибанскиот лидер“

Vecer | 15.08.2021

„Можеби дури и јас ќе бидам во позиција да го прифатам талибанскиот лидер“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека постои можност за воспоставување контакт со талибанците кои го продолжуваат својот напредок во Авганистан, прифаќање на нивниот талибански лидер.

Претседателот Ердоган рече:

„Нашите релевантни институции работат на случајот се до остварувањето  на некои преговори со Талибанците. Можеби дури и јас ќе бидам во позиција да го прифатам лицето што ќе биде нивни лидер“.

Ердоган синоќа во емисијата во живо направи проценка за актуелните случувања.

Ердоган во врска со Авганистан, каде што по повлекувањето на американските војници, коешто започна во мај и се очекува да заврши до крајот на овој месец, талибанците продолжуваат да напредуваат.

„Ако (Талибанците) не можеме да ги контролираме на високо ниво, нема да биде можно да го одржиме мирот во Авганистан“, рече претседателот Ердоган.

„Вечерва имав средба со Катар (во врска со преговорите меѓу авганистанската влада и Талибанците кои продолжуваат); каде можеме да ги запреме чекорите преземени од Талибанците, каде можеме да направиме чекор кон мирот“.

Во врска со Авганистанците кои дојдоа во Турција, бегајќи од талибанците во нивната земја, претседателот Ердоган рече:

„Ние сериозно ги подигаме sидовите како од иранската порта така и од Ирак. Ѕидовите што се креваат овде се со цел да се спречи оваа нерегуларна миграција да влезе во нашата земја“.

Ердоган, исто така, изјави дека значителен дел од нерегуларните авганистански мигранти, од страна на надлежните институции биле депортирани назад во Авганистан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk