Полицијата се посомневала во индиски државјанин за нејзината смрт, кој, според медиумските извештаи, бил нејзин партнер, пишува руски Комерсант.
Мажот што бил во собата со неа отишол кај персоналот на хотелот и пријавил дека жената починала.
Полициската станица во покраината Чонбури добила пријава за случајот околу 11:30 часот по локално време во петокот. Според досегашните информации, на инцидентот му претходела расправија што избувнала околу 4 часот наутро. Неколку часа подоцна, самиот осомничен ги известил персоналот на хотелот за смртта на Русинката.
Знаци на борба во собата
Истражителите од Тајланд потврдија дека пронашле знаци на борба во собата. Според медиумските извештаи, покрај телото се пронајдени скршено огледало и парчиња стакло, а во собата се видливи и траги од крв.
Истрагата е во тек
Точната причина за смртта сè уште не е утврдена и телото е пренесено на обдукција. Судските експерти работат на случајот. Осомничениот наводно изјавил дека за време на расправијата се случила физичка пресметка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата